Поднесено обвинение против лицето кое пукаше во Никола Тодоров

 

Основното јавно обвинителство – Скопје по завршената истрага поднесе обвинителен акт против лицето Љ.С., кое на 1 јуни годинава пукаше во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Од Основното јавно обвинителство соопштија дека лицето се товари за две кривични дела – Убиство од член 123 во врска со член 19  и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.

 

– Заедно со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и Предлог за продолжување на мерката – притвор поради постоење на опасност од бегство на обвинетиот и опасност од извршување на обиденото кривично дело, стои во соопштението од ОЈО.

 

 

 

28.09.2017 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега