МНР: Нема загинати и повредени Македонци во Лас Вегас

 

Согласно досегашните информации од дипломатско- конзуларните претсвавништва низ САД, нема пријави за загинати или повредени граѓани на Република Македонија во нападот во Лас Вегас, информираат од македонското МНР.

За евентуална потреба, помош или инфирмации, македонските државјани можат да се јават на дежурниот телефон во Амбасадата на Македонија во Вашингтон: +1 102 66 70501.

Полицијата во Лас Вегас соопшти дека најмалку 59 луѓе се убиени, а 527 се повредени во нападот извршен вчера на музички фестивал во Лас Вегас. Лицето осомничено за нападот е идентификуван како 64-годишен белец Стивен Педок од Невада. Педок се самоуби пред полицијата да упадне во хотелската соба од каде што пукаше врз луѓето присутни на концертот.

 

 

 

03.10.2017 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега