Црногорскиот премиер во посета на Македонија
Црногорскиот премиер Душко Марковиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
Во делегацијата, што ја предводи премиерот Марковиќ, се и Осман Нурковиќ, министер за транспорт, Предраг Митровиќ, амбасадор на Црна Гора во РМ, Александар Ераковиќ, главен политички советник на Претседателот на Владата на Црна Гора, Владимир Бератовиќ, советник за странски инвестиции и Срѓан Кусоваќ, советник за односи со јавност.
Предвидена е билатерална средба на македонската и црногорската делегација, како и тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Марковиќ.
16.10.2017 - 08:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа