Православните денес слават голем празник - празникот на големите чуда, а еве што треба да се направи

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 октомври.

Денеска е Св. маченици Сергиј и Вакх.

Овие двајца беа видни луѓе на дворот на Максимијан. Но, штом Максимијан дозна дека се христијани, својата наклонетост ја претвори во гнев, па ги испрати во Азија кај својот намесник Антиох, откако претходно ги облече во женски алишта и им стави железни огламници на вратот па така ги водеше по улиците на Рим. Овој пак, Антиох, беше пријател на Сергиј и на Вакх, но откако не успеа да ги одврати од христијанството, ги стави на маки и најпосле ги уби, прво Вакха, а потоа и Сергија. Така, овие две свети души го дадоа на царот царевото, а на Бога божјото и се преселија во вечниот живот околу 303 година.

Според преданијата во поедини краеви, Свети Сергиј на овој ден ги посетува сите чевлари и со нив слави, односно празнува. Затоа се верува дека ги штити вредните и работливи луѓе, па овој светител денеска треба да се помоли за среќа и успех во работата.

 

 

 

20.10.2017 - 08:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега