Еве колку изнесувала просечната нето плата во август во земјава

 Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во август изнесувала 22.912 денари и е зголемена за 2,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на покачувањето на нето платата во секторите Рударство и вадење на камен за 32,7 проценти, во Уметност, забава и рекреација за 10,9 проценти  и во Стручни, научни и технички дејности за 9,4 проценти.

Во однос на минатиот месец, зголемување на нето платата има во секторите  Рударство и вадење на камен за 31,2, Уметност, забава и рекреација за 10,8 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,5 проценти. 

Во август бруто платата по вработен изнесувала 33.675 денари и е зголемена за 2,7 проценти.

Статистичките податоци покажуваат дека во август 1,1 процент од вработените не зеле плата. 

 

 

 

20.10.2017 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега