Османи: Очекуваме конкретни чекори од ЕУ и НАТО за напредокот на Македонија

Заменик претседателот на владата задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамките на работната посета на Париз, се сретна со министерката за европски прашања на Франција Натали Лоазо.

На средбата Османи и Лоазо разговарале за процесот на евроатлантските интеграции на земјава, како и за билатералната соработка меѓу двете земји.

Покрај со Лоазо, за денеска се закажани средби и со Емануел Ленан, советник во кабинетот на премиерот и со Сабине Тилае, претседател на комисија за европски прашања во националното.

Предвиден е и состанок и со претседателот на француско-македонската група во националното собрание на Франција.

 

 

 

23.10.2017 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега