Дожд, снег и пад на температурите - еве до кога ќе врне

 

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките ќе се формира снежна покривка, особено во северозападните делови. Ќе дува засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од седум до 14 степени.

Во Скопје претежно облачно со врнежи од дожд, кој повремено ќе биде пообилен. Ќе дува и засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од седум до 11 степени.

И во среда ќе дува засилен северен ветер и во текот на денот ќе има постепено намалувањена облачноста. Потоа во наредните два дена времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. 

 

 

 

24.10.2017 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега