Еве во кои термини ќе треба да навиваме за македонските кошаркари на ЕП

Познати се термините во кои македонската репрезентација ќе ги одигра мечевите од ЕП во Словенија.

Европското првенство во Словенија започнува на 4-ти септември, а на својот прв натпревар Македонија ќе се сретне со Црна Гора. Дуелот ќе се одигра во 17:45 часот.

Следните два натпевари ќе се одиграат во вечерен термин, односно со почеток во 21:00 часот против Литванија и Србија, додека последните два против БиХ и Латвија ќе ги играме со почеток во 14:30 часот.

Трите првопласирани репрезентации од групата Б ќе се пласираат во осминафиналето, каде во новоформираната група Е ќе вкрстат со трите првопласирани репрезентации од групата А. 

Во новата група Е , четирите првопласирани репрезентации ќе си обезбедат место во четвртфиналето, каде по принципот прв со четврт, втор со трет ќе се вкрсти со групата Ф (новоформираната група од групите Ц и Д).

Во групата А се репрезентациите на Израел, Белгија, Франција,  Велика Британија и Украина, што за нас е добра вест. Ова значи дека ако Македонија успее да заврши на првите три места во групата А, тогаш не би требало да има проблеми да се пласира во четвртфиналето, бидејќи освен против Франција, во натпреварите со останатите селекции реално можеме да се надеваме на триумф.

ГРУПА Б

04.09.2013

Македонија – Црна Гора (17:45 ч)

05.09.2013

Литванија – Македонија (21:00 ч)

06.09.2013

Македонија – Србија (21:00 ч)

08.09.2013

БиХ – Македонија (14:30 ч.)

09.09.2013

Латвија – Македонија (14:30 ч)

27.08.2013 - 11:41
Фото: 
Сител

најчитано сега