Советот разгледува 23 кандидатури за нов јавен обвинител

Почнува постапката за оценување на кандидатите за прв човек на државното обвинителство. Советот на јавни обвинители утре ќе ја одржи седницата на која ќе се разгледуваат пријавите пристигнати на огласот за Јавен обвинител..

Според испратеното соопштение од советот, по завршување на седницата ќе се даде позитивно или негативно мислење за секој од пријавените..

Во трка за раководната позиција на Јавното обвинителство се 23-ца кандидати поради што е неизвесно колку ќе трае седницата за изјаснување.. Советот на јавни обвинители на 20-ти месецов ги доби од Владата апликациите за нов јавен обвинител, и од тогаш тече рокот од 15 дена во кој советот треба да го даде своето мислење за предложените кандидати..

Доколку не успеат да ги разгледаат и оценат апликациите на кандидатите, членовите на советот можат да побараат дополнителни 15 дена за финиширање на постапката..

Апликациите на кандидатите за јавен обвинител заедно со мислењето од Советот потоа се испраќаат до Владата каде на седница треба да се одлучи кој од кандидатите кои добиле позитивно мислење ќе го предложи за прв човек на државното јавно обвинителство..

Сепак тој треба да мине уште еден филтер.. Името на предложениот кандидат и неговите кфалификации ќе се најдат и пред пратениците.. За добивање на шест годишниот мандат е потребно просто мнозинство од 61 глас..

Инаку идната недела се очекува нов претседател да добие и кривичниот суд.. Поради локалните избори беше стопирана постапката од вториот оглас на кој се пријавиа осуммина кандидати.. Кој од нив ќе управува со најголемиот суд во државата ќе одлучи судскиот совет на седница закажана за 8-ми ноември..

Во моментов пак со кривичниот суд раководи Дијана Груевска Илиевска која в.д функцијата ја доби откако в.д претседателот Стојанче Рибарев си поднесе оставка поради лични причини..

 

 

 

01.11.2017 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега