Кривичен ја достави документацијата за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски
Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција ја комплетира потребната документација поврзана со постапката за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски и ја достави до Министерството за правда на Република Македонија на понатамошно постапување, соопшти Кривичниот суд.
- Постапувајќи по барање на Министерството за правда на Република Македонија, доставено до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, преку Апелациониот суд – Скопје, поврзано со постапката за екстрадиција, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја комплетира потребната документација и ја достави до Министерството за правда на понатамошно постапување, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1.
Грујевски и Бошкоски, како што претходно објави МИА, се во екстрадициски притвор во Солун. Тие два пати беа изведени пред Судот во Солун поради поседување лажни патни исправи, но судењето беше одложено за 1 декември поради немање преведувач од грчки на македонски јазик.
Грујевски и Бошкоски се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.
Двајцата беа уаспени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа