Скопјанка избрка крадец вооружен со нож

Околу 20 часот и 40 минути синоќа во СВР-Скопје, 37-годишната Ј.Ш. пријавила дека на улицата „Радишанска“ во Трговскиот центар “Радишани“, во аптека, засега непознато маскирано лице со закана со нож извршило обид за разбојништво.

Насилникот ги побарал парите од вработената, но таа почнала да бара помош и го вклучила алармот, по што сторителот избегал од местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на кривичното дело.

 

 

 

02.11.2017 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега