Затворен регионалниот пат Куманово - Свети Николе поради сообраќајна несреќа

Регионалниот пат Куманово - Свети Николе е во прекин, поради сообраќајна незгода кај затворот К`шaње.

Според АМСМ сообраќајката се случила во 18 часот. Нема информација до кога ќе трае прекинот на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

„Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини

нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската

страна на премините“, - информираат од АМСМ.

 

 

 

03.11.2017 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега