Кичевчанец се повредил со маневарски куршум

Кичевчанец останал без палец и со тешки повреди бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје , откако се повредил чистејќи го тромблонот .

Според МВР, вчера во 19:35 часот во Полициска станица-Кичево, доктор од Медицински центар -Кичево пријавил дека донесено било повредено лице во пределот на левата рака-му бил откинат палецот и имал повреда на  дланката. Од страна на полициски службеници од Полициска станица -Кичево утврдено е дека се работи за 21-годишниот И.С. од село Другово-Кичево, кој се самоповредил во гаражата во сопствената куќа со маневарски куршум, кој  бил заглавен во метална цевка. 

При обид да го извади куршумот, со штрафцигер удрил во чаурата, при што од издувните барутни гасови дошло до повредување. Поради сериозноста на повредите истиот со возило на Медицински центар -Кичево е пренесен во Ургентен центар -Скопје, заради понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител од Основно јавно обвинителство -Кичево и увидна екипа од Кичево.

 

 

 

04.11.2017 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега