Вкупно 16 тужби се поднесени до Управниот суд по вториот круг од изборите

Вкупно 16 тужби од политички партии за вториот круг на локалните избори се поднесени до Управниот суд заклучно до денеска до 10 часот.
 
Во соопштението од Управниот суд потпишано од претседателот на судот се наведува дека 11 тужби се поднесени од Алијанса на Албанците, четири од движењето „Беса“ и една од Народно движење за Македонија.
 
Управниот суд е должен да донесе одлука по жалбите во рок од 48 часа по нивниот прием. ДИК на седница ги отфрли сите приговори поднесени за вториот круг од локалните избори.
 

 

 

04.11.2017 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега