Синоќа апсење на „Деве Баир"
Во 23 часот на Граничен премин „Деве Баир“, при пасошка контрола било констатирано дека од пасошот на 29-годишниот Т.Џ.од Република Албанија биле отстранети неколку страници.
Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „фалсификување на исправа“, Т.Џ. бил лишен од слобода и предаден во Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
07.11.2017 - 14:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа