Голема трагедија: Почина новороденче во Скопје

Вчера околу 9 часот, на улица „Виетнамска“ во Скопје, починало новороденче старо три дена, пријавило лице вработено во „Итната медицинска помош“.

Според кажувањата на мајката Ѓ.С. бебето било родено пред три дена во Гинеколошко акушерска клиника “Мајка Тереза“ и истиот ден околу 08,30 часот забележала дека со бебето нешто не било во ред и повикала Итна медицинска помош.

Од страна на лекар била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција. 

 

 

 

08.11.2017 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега