Турски државјанин уапсен во Битола поради фалсификувани пари

Турски државјанин уапсен во Битола поради фалсификувани пари.

Вчера од страна на полициски службеници од СВР-Битола бил лишен од слобода 25- годишниот А.А од Турција, а со престој во Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело„фалсификување пари“ по чл.268 од КЗ на Македонија.

Имено, истиот заедно со уште едно засега непознато лице во Гостивар заради купување на мобилен телефон, пуштиле во оптег три фалсификувани банкноти од по 100 евра, по што го напуштиле местото на настанот.

 

 

 

08.11.2017 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега