Апелација одлучи: Бобмите ќе бидат доказ во случајот со набавката на Мерцедесот

Апелацискиот суд одлучи- прислушуваните материјали ќе бидат дел од доказниот материјал во случајот „Тенк“ за набавката на државниот Мерцедес.

Откако беше одржана јавна седница, прифатена е жалбата на Специјалното јавно обвинителство за одлуката на Основниот суд, со која овие материјали првично беа отфрлени.

И одбраната сметаше дека не треба да се користат како докази, а поранешната министерка за внатрешни работи Јанкулоска рече дека ѝ била нарушена приватноста.

 

Апелација ваква одлука донесе и за настаните пред Општина Центар, за предметите „Триста“, „ТНТ“, „Топлик“ и за „Тендери“.

 

 

 

08.11.2017 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега