Затворен граничниот премин кон Грција

За денеска е најавен штрајк на граничните премини со Грција, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во синоќешниот извештај за состојбата на патиштата.

Поради штрајк на грчките цариници на 09.11.2017, г.п. Дојрани ќе биде затворен за патнички и товарни возила во период од 05:00 до 23:00 часот.

Според АМСМ, на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено пo суви коловози.

 

 

 

 

09.11.2017 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега