Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Градско

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Прилеп-Градско кај мотел Дреново, што беше во прекин од десет часот претпладне поради штрајк на вработени во металуршкиот комбинат „ФЕНИ“, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Во тек на штрајкот сообраќајот беше во прекин во двете насоки.

Вработени во ФЕНИ преку штрајкот побараа повлекување на одлуката за стечај во комбинатот.

 

 

 

09.11.2017 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега