Металург попладнево на дуел со ПИК Сегед

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург и оваа сезона преку квалификациите ќе мора да се бори за пласман во групите од Лигата на шампионите. За разлика од претходните сезони кога играше на турнири, оваа година Металург има еден ривал (ПИК Сегед), против кој ќе одиграат два натпревара.

Денешениот ривал последните сезони е постојано учесник во групите и тим кој заслужува респект. На клупата го имаат Шпанецот Хуан Карлос Пастор, а тимот е составен од унграски репрезентативци и искусни интернационалци.

-  Нашиот противник е тим што игра поразлично од лани и во најголем дел од натпреварите во подготовките успешно „се криеше“ да не ја видиме нивната игра. Треба да бидме максимално концентрирани и да одиграме тактички дисциплинирано, ако сакаме да имаме успех - истакна тренерот на Металург, Лино Червар.

Червар е задоволен што може да смета на сите играчи, а во составот најверојатно ќе биде и Дејан Манасков, кој се опорави по тешката повреда. Поддршката од публиката ќе биде голема помош за македонскиот состав.

Натпреварот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот, а реваншот е на 1.септември.

Квалификаците успешно ги мина европскиот првак Хамбург, а комплетниот распоред на групите ќе биде познат во понеделник кога ќе се одиграат и другите квалификациони натпревари.

28.08.2013 - 11:03
Фото: 
он.нет.мк

најчитано сега