Пратеничките на ДОМ не го поддржаа Законот за јазиците

 

Пратеничките на ДОМ Лиле Поповска и Маја Морачанин, иако беа присутни во собраниската салата не го поддржаа Законот за употреба на јазиците. Тие ниту гласаа „за“, ниту „против“ за потребата од донесување на Законот, јавува порталот СДК.

Пратеничката Поповска по завршување на гласањето не беше во Собранието ниту се јавуваше на мобилниот телефон за да објасни зошто не го поддржа Законот за употреба на јазиците, иако нејзината партија е дел од владејачката коалиција.


Координаторот на СДСМ Томислав Тунтев рече дека нивната коалиција не се заснова на договарање, секој пратеник си носел самостојно своја одлука како ќе гласа.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто двете пратенички од ДОМ не го поддржаа законот, Тунтев рече дека немал таква информација.

„Од листинзите за гласање ќе се види кој како гласал“ рече Тунтев.

 

 

 

15.11.2017 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега