Грк прегази пешак во Битола - починал на лице место
Во 19 часот и 30 минути синоќа на крстосницата од улиците „Македонски гемиџии“ и „Буримечка“ во Битола се случила сообраќајна незгода.
Полицијата информира дека 56-годишниот С.Т. од Флорина-Република Грција, управувајќи патничко возило „Мерцедес Ц220“ со грчки регистарски ознаки, удрил во пешак и го усмртил.
Прегазена била 67-годишната П.Н. од Битола, која починала на самото место на настанот.
Смрт била констатирана од страна на екипа од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.
По наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе биде извршена обдукција, а С.Т. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Битола за понатамошна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа