Со нож нападнати три малолетни деца на Партизанска

На булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, вчера во 19 часот биле нападнати три малолетни деца, информираат од МВР.

Две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над малолетниците на возраст од 15 и 16 години, при што одземени им биле 1.500 денари.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на кривичното дело.

 

 

 

19.11.2017 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега