Онесвестен маж пронајден покрај патот во Штип- итно префрлен во болница

Во близина на штипската депонија, пронајден повреден маж покрај трактор.

Од Мвр  соопштуваат дека вчера во 13,00 часот во СВР-Штип телефонски било пријавено дека на патот Бања Кежовоца–депонија Штип, кај место викано„Трештена скала“ има повредено лице во близина на трактор.

-На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР-Штип и во присуство на Јавен обвинител бил извршен увид, при што било констатирано дека истиот ден околу 12 часот и 50 минути, 52- годишниот С.К од Штип управувал трактор во насока Бања Кежовоца–депонија Штип, при што истиот најверојатно паднал од тракторот- се вели во соопштението од полицијата 

Од екипата од Итна медицинска помош С.К. во неконтактибилна состојба бил пренесен во КБ-Штип, каде му биле констатирани телесни повреди. По укажаната медицинска помош, истиот иако е вон животна опасност, бил задржан за понатамошно следење и лекување.

Поради неконтактибилноста на повреденото лице, не може да се утврди под какви околности настанала повредата.

Се работи на целосно расчистување на настанот.

 

 

 

 

19.11.2017 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега