Обид за грабеж на аптека во Радишани

Секторот за внатрешни работи Скопје до  Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 33- годишниот Д.П од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво во обид“.

Имено, пријавениот на први овој месец околу 20 часот и 45 минути, во Трговскиот центар Радишани, пред крај на работното време додека вработената во аптека го средувала прометот зад работниот пулт, тој маскиран и со нож во рака влегол во аптеката и се заканил дека доколку не му ги даде парите ќе посегне по нејзиниот живот. Потоа влегол зад пултот сакајќи да го одземе дневниот промет од касата, но истовремено вработената го стиснала паник тастерот под работниот пулт за дојава на обезбедувањето и започнала да вика. Д.П. се исплашил и се дал во бекство кон паркинг плацот каде што го имал паркирано неговото возило “Сузуки Свифт“ и со голема брзина заминал го напуштил местото на настанот загрозувајќи ја безбедноста на присутните граѓани на самиот паркинг и улицата.

Со наредба издадена од страна на Основното јавно обвинителство бил подигнат видео надзорот од аптеката по што од страна на полициски службеници преземени се оперативни мерки и активности и на 16.11.2017 година во село Радишани, кај пријавениот бил извршен претрес на дом и други простории, при што биле пронајдени предмети и облека кои Д.П. ги носел при извршување на кривичното дело.

 

 

 

 

19.11.2017 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега