Чавков имал инфаркт годинава - полицијата не дозволила да му се донесат апчиња

Митко Чавков, поранешниот директорот на Бирото за јавна безбедност е упасен од страна на полицијата утринава.

Тој во јули имал инфаркт и бил примен на Клиниката за кардиологија во Скопје. Полицијата не дозволила блиските на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, кој во јули доживеа срцев удар,  да му ги достават потребните лекови во Кривичниот суд додека чекал да биде изведен пред истражен судија, пренесе Република.

Инаку, тој е уапсен околу крвавите настани на 27. април во Собранието.

 

 

 

28.11.2017 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега