За година ипол членовите на ДИК земале 12 плати бонус

Државната изборна комисија попладнево ја почна вонредната седница, откако вчера американскиот амбасадор Џес Бејли, обелодени дека членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за четири дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори кои штотуку завршија, како и за пет месеци по изборите од 2016 година. Членовите на ДИК бараат начин како да ги вратат четирите плати бонус од локалните избори.

Членовите на Државната изборна комисија во минатите 18 месеци си поделиле 12 плати како бонус и тоа за предвремените парламентарни избори во Декември минатата година и Локалните избори во октомври. Земале и дополнителни три плати бонус и за изборите во Април минатата година кои беа одложени за Декември.

 

 

 

 

05.12.2017 - 14:50
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега