Следи ново заладување: Снег и дожд, а температурите под просекот

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, изутрина врнежи од дожд ќе има во крајните источни делови од земјава, а преку денот врнежите ќе бидат повеќе застапени во западните делови, но нема да бидат обилни. На планините ќе врне снег, а до крајот на денот снежната граница ќе се спушти до околу 600 м.н.в. Ќе дува умерен северен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната од два до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Утринската температура ќе достигне до пет, а дневната до осум степени.

Локални врнежи од снег ќе има и во понеделник, особено претпладне во западните делови, каде на повеќе места ќе се формира и снежна покривка. Под влијание на северно струење температурите од понеделник значително ќе опаднат. 

 

 

 

16.12.2017 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега