Села: Сега имаме еден пратеник помалку

Алијанста на Албанците остана со двајца пратеници, истакна вчера лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на средба со албанските печалбари во САД, 

Алијансата за Албанците имаше тројца пратеници, Зијадин Села, Сурија Рушити и Весел Мемеди. Според информациите,  пратеникот кој замина во ДУИ е Весел Мемеди.

„Никогаш не направив коалиција со ДУИ, но проблемот беше дека не можеше да се формира парламентарно мнозинство без нас. Ние имавме тројца пратеници, сега имаме двајца, бидејќи едниот отиде во ДУИ”,  рече Села.

Тој упати критики и за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, затоа што според него, тој се бори само против криминалците на Македонците.

 

 

 

17.12.2017 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега