Заев пред одлука: Филипче или Костов - кој ќе биде новиот министер за здравство

Раководоството на СДСМ и премиерот Зоран Заев се очекува денеска да донесат одлука кој ќе биде новиот министер за здравство.

Венко Филипче најверојатно ќе биде предлогот на премиерот Зоран Заев до Собранието за нов министер за здравство изјави висок функционер во СДСМ за Канал 5, кој истакна  дека изборот е извесен и очекува доктор Филипче да го преземе ресорот иако се споменува името и на доктор Христијан Костов, актуелен директор на Градската болница „8-ми септември“.

Ваквата разврска на повеќемесечната сага околу Здравство се очекува да заврши со напуштање на владината коалиција на Алијанса на Албанците на Зијадин Села. Ова  за Канал 5 го тврдат од СДСМ. На Села му е доставена последна понуда “земи или остави“ – вицепремиер за реформи, министер без ресор и заменик министер за здравство. Доколку оваа понуда не е прифатлива за Села напуштањето на коалиција станува извесно.

Од Алијансата веќе се изјаснија дека од Здравство би се откажале само доколку Заев им понуди ресор со „иста тежина“ како транспорт и врски, образование или труд и социјална политика. Села веќе неколку недели е во САД, неговото враќање се очекуваше денеска, но според последните информации враќањето го одложил за средината на следната недела.

Премиерот Заев во петокот најави дека листата со кандидати за министри меѓу кои за здравство, двајца без ресор и заменик  министер за образование ќе ги достави до Собранието в понеделник. Од ДУИ уште пред неколку дена информираа дека Заев и Ахмети ги завршиле преговорите за идниот состав на владината коалиција и сите прашања се затворени.

 

 

 

17.12.2017 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега