Груевски: По три четри пати неделно сме на Суд - власта врши политички прогон

СЈО призна дека постои начин да се контаминираат и обработуваат снимените материјали, изјави денеска пред Судот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка Никола Груевски.

- Тие креирани материјали не може да бидат доказ меѓутоа под притисок на власта Апелацискиот суд донесе одлука иако е свесен дека е незаконска. И покрај тоа нашите бранители побараа да ги имаат и добија одговор дека не може од причина што ако ги добијат можат да се комтаминираат. Ако обвинителството ги има примено од Зоран Заев, претпоставувате за што станува збор односно дека е во прашање политички прогон - изјави Груевски.

Груевски рече дека власта преку судот врши за малтретирање на сите нив, за политички прогон од обвинителство кое е политички формирано.

- Имаме селективна правда. Ни се закажуваат по две рочишта во еден ден, секоја недела по три - четири пати сме во суд. Судот е под притисок кон нас да постапува како кон луѓе кои мора да бидат осудени, а од друга страна судењето на Заев не може да почне две години - посочи Груевски.

 

 

 

 

 

18.12.2017 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега