ЕПП го честита за изборот на Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Европската народна партија (ЕПП) е најголема политичка групација во Европа, која ги организира партиите на десниот центар. ЕПП има 75 политички партии од 40 земји со конзервативна, демохристијанска и народна ориентација. Од редовите на ЕПП доаѓаат претседателот на Европската комисија и Европскиот совет, 10 претседатели на влади од земји членки на ЕУ и 6 претседатели на влади од земји кои не се членки на ЕУ, 14 членови на Европската комисија и најголемата пратеничка група во Европскиот парламент.

Европската народна партија (ЕПП) на својот официјален „Твитер“ профил му го честиташе изборот на Христијан Мицкоски за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Честитки до Христијан Мицкоски за неговиот избор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. На Македонија и треба силна опозицијата во парламентот за заеднички да се преземат неопходните реформи и да се решат проблемите кон евроатлантскиот пат, велат од ЕПП.

 

 

 

 

24.12.2017 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега