Заев се сретна со претставници на Црногорската заедница во Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Борис Попивода, претседател на Црногорската заедница во Република Македонија и со претставници на заедницата кои, како што соопштува владината прес-служба, искажале поддршка на демократските и развојните политики на премиерот и на Владата.

- Тие констатираа дека клучно за просперитетот на државава се политиките на заедништво и помирување на граѓаните, независно од каква било етничка определба и додадоа дека премиерот Заев и новата Влада обезбедуваат таква клима што води кон прогрес, наведува Службата на Владата за информирање.

Заев истакнал дека Владата води отворени политики на градење едно општество за сите, со шанси за сите граѓани, како и градење пријателства, и дома, и во регионални и меѓународни рамки.

Заев со црногорци 2

- Стратешки цели на државата се ЕУ и НАТО. Интеграциите ќе значат и охрабрување инвеститори и подобрување на економијата во земјата, а тоа е важно за квалитетот на живот на сите луѓе во Македонија. Благодарам на Црногорската заедница во Република Македонија за конструктивната улога во сите важни процеси за напредокот на државава, истакнал Заев.

На средбата посебно се посветило внимание на можностите за економски развој на државата и придонесот што може да го даде Црногорската заедница во Република Македонија низ продлабочување на соработката, а нагласена била и важноста на реформските процеси за воспоставување правна држава и владеењето на правото.

 

 

 

25.12.2017 - 18:06
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа