Таравари: Подобро да сме достоинствена опозиција отколку слепо црево во власта

Бевме принудени да излеземе од Владата затоа што не се почитуваше договореното и за да го сочуваме достоинството се решивме на ваков чекор. Ова денеска за Плусинфо  го изјави Таравари, откако двајцата министери на Алијансата на Албанците си поднесоа оставки.

- Премиерот на една држава треба учесниците во владата да ги третира како партнери, а не како слепо црево. Премиерот го испрати предлогот за министер за здравство во Собранието, а за тоа немавме никакво известување. Ние немаме ништо против предложеното решение, но требаше да нè информираат за тоа. Нашите директори се под постојан притисок, луѓето што беа дојдени во кабинетот кога бев министер за здравство исто така се под притисок дека ќе бидат избркани од работа. Во вакви околности партијата реши дека подостоинствено е да бидеме опозиција, отколку во власта, вели Таравари за Плусинфо.

 

 

 

27.12.2017 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега