Продолжен притворот на Чавков и пратениците - празниците ќе ги поминат во притвор

Кривичниот совет денеска донесе одлука да се продолжат притворите на сите приведени за настаните од 27. април во македонското Собрание.

Кривичниот совет во скопска единица на барање на Обвинтелството за организиран криминал и корупција им ја продолжил мерката за нови 30 дена.

Исто така, продолжена е мерката куќен притвор за пратениците Тарчуловски, Пешевска и Димовски како и за уште едно осомничено лице.

Против овие решенија дозволено е право на жалба до Апелациониот суд во рок од 48 часа по приемот на решенијата.

 

 

 

27.12.2017 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега