ОТА од идната година ќе прислушува но нема да слуша

Оперативно-техничка агенција или скратено ОТА треба да биде институцијата во која ќе се преселат уредите преку кои се вклучува и исклучува сигналот за следење на комуникациите кои до сега се наоѓаа во УБК. 

Од ноември 2018 е планирано да функционира институцијата, која ќе работи како независно тело.

Предлог-законот за ОТА, како и оној за следење на комуникациите, синоќа поминаа на владина седница и ќе се достават до Собранието, а се очекува по празниците да се најдат и на дневен ред пред пратениците, пренесе Плусинфо.

Вработените во ОТА нема да може да ги слушаат разговорите ниту пак, ќе знаат кој се прислушува бидејќи до нив ќе биде доставен само телефонскиот број без идентитет кој треба да се следи. Ќе раководи директор, кој ќе го избере Собранието, а ќе го предложи собраниската Комисија за прашања на избори и именувања по претходно распишан конкурс.

Мандатот ќе му биде пет години, а според критериумите, треба да има најмалку четири години високо образование и десет години работно искуство.

 

 

 

27.12.2017 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега