Четворица вработени во Петтата управа во УБК добиле отказ

Четворица вработени во Петтата управа во УБК добиле отказ, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовиски на денешниот брифинг со новинарите.

Министерот не кажа дали вработените биле под сомнеж за незаконското прилушкување или за некаква поврзаност со случувањата на 27 април во Собрание.

Спасовски додал дека Горан Грујевски и Никола Бошкоски, обвинети во аферата со нелегалното прислушување „Таргет и Тврдина“ се уште се вработени во УБК, односно нивното место е ставено во мирување и не земаат плата. Тој појасни дека тие биле суспендирани и за нив била поведена дисциплинска постапка, но кога функцијата повторно ја превзеде Митко Чавков, по еден ден, ги вратил на работа.

 

 

 

27.12.2017 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега