Заев: Оставките на функционерите од Алијанса на Албанците се очекувани

На прес-конференцијата во Владата каде што беше презентиран планот за економски пораст, премиерот Зоран Заев рече дека оставката на замениците-министри од Алијансата за Албанците е очекуван чекор откако лидерот на оваа партија, Зијадин Села не ја прифатил понудата од Владата за потпретседателско место за реформи во Владата.

Тој истакна дека нема да брза со разрешување на кадри во институциите како од претходната власт така и од Алијанса за Албанците, бидејќи како што рече, квалитетните кадри треба да останат и верува во капацитетот на тие граѓани.

На денешната прес  конференција во Владата беше презентиран и планот за економски пораст.

Заев додека дека пратеничките прашања утре во Собранието ќе бидат за пратениците на опозицијата.

– Пратеничките прашања утре во Собранието се за пратениците од опозицијата, ако не дојдат, седницата ќе трае кратко. Немам намера, долго да одговарам на прашањата на пратениците од власта, иако, и тие имаат можност да постават прашања. Ако пратениците на опозицијата не дојдат утре, се надевам дека ќе се појават на седницата по Нова година, закажана на 9 јануари – рече Заев.

 

 

 

 

 

27.12.2017 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега