Пратенички прашања: ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат, Заев нема да одговара

 

Собранието на Република Македонија денеска треба да ja одржи 29. седница на чиј дневен ред се пратенички прашања на кои треба да одговараат владините претставници.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да учествуваат на седницата посветена на пратенички прашања. Ова решение е донесено по одлуката на Кривичниот суд за продолжување на притворите на осомничените за насилствата на 27 април во Собранието, меѓу кои и за пратеници од ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата.

Премиерот Зоран Заев, вчера изјави дека очекува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието и да присуствува на оваа седница. Доколку не дојдат, како што рече, седницата ќе биде многу кратка, бидејќи нема намера да им одговара на пратениците од владејачкото мнозинство.

За денеска е закажано и продолжение на 22 седница, на чиј дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, по скратена постапка и Предлог на закон за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, сите по скратена постапка. 

 

 

 

28.12.2017 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега