Венко Филипче: На Македонија нема повеќе да и се случи инсулинска криза

Новиот министер за здравство, кој по три месеци преговори седна во министерската фотелја, Венко Филипче, денеска одржа прес-конференција на која вети дека нема повеќе на Македонија да и се случи инсулинска криза.

-Ова што се случи, нема повеќе да ни се случува. Проблемот е во процедурата, нема обврска набавувачот во точнo пропишан рок да набавува инсулин, па затоа ќе се менува процедурата, за да може да се обезбедат и залихи, изјави тој на прес-конференцијата и најави корекции.

За потсетување, токму поради тоа што Филипче седна во министерската фотелја на Здравство, вчера партијата на Зијадин Села реши да ја напушти Владата, со објаснување дека не се договориле со Заев, па се решиле на тој чекор.

 

 

 

28.12.2017 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега