Џафери: Патните трошоци ќе се решат со службени станови или кирии во Скопје

Собранието ќе набави четири нови возила, а средствата за тоа се предвидени со новиот буџет, најави на денешниот брифинг со новинарите, претседателот на парламентот, Талат Џафери. 

„Голф 2 и пик-ап. Тоа се двете единствени возила на Собранието. Ако тоа треба да биде лицето на Собранието, тогаш сликајте го“, рече Џафери.

За намалувањето на патните трошоци една од опциите е пратениците кои се надвор од Скопје да добијат службени станови.

„Во однос на патните трошоци, од инсистутот го добив извештајот, ќе ги видам пресметките. Една од варијантите е пратениците кои се надвор од Скопје, односно патуваат повеќе од 50 километри да добијат службени станови или пак да им се плаќаат кирии“, вели Џафери.

 

 

 

28.12.2017 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега