Џафери: Никој не треба да помисли на предвремени избори, опозицијата да се врати во Парламент

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува и убеден е дека опозицијата ќе се вклучи во работата на парламентарните тела и заседанија од 9-ти јануари следната година, за кога ќе биде закажана продолжение на седницата за законот за јазици и избор на уставни судии. Џафери на денешната средба со новинарите кажа дека во 2018 година на Македонија не и требаат нови избори.

Според Џафери, политичката криза во Македонија заврши пред шест месеци.

- Очекувањата се дека треба да се надминат сите превирања внатре во политичките партии и првите работни денови во новата година, од 9-ти јануари па натаму, Собранието да биде во полн состав, со учество на опозицијата и сите политички партии, имајќи ги предвид и нивните претходни изјави дека ќе бидат присутни. И особено за реформските закони, во контекст на очекувањата од Извештајот на ЕК и напредокот на Република Македонија, изјави првиот парламентарец.

Џафери очекува 2018 година да биде со редовен тек на работа.

- Тоа и го посакувам и го очекувам од политичките партии, рече Џафери.

Изготвена е драфт верзија на Деловникот за работа на Собранието што заедно со Етичкиот кодекс треба да се разгледуваат во рамки на процесот „Жан Моне“, средба на претставници на пратеничките групи која, според Џафери се очекува да се случи во околината на Париз на 25 и 26 јануари.

 

 

 

28.12.2017 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега