Возачи внимателно: Ниските температури и влажниот коловоз се погодни за мраз на патиштата

 Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува во Крива Паланка, но не се задржува на коловозот.

Како што информира АМСМ, намалена видливост поради појава на магла до 20 метри има на планинскиот превој Стража и од 70 - 100 метри на планинскиот превој Плетвар. 

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. 

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

 

 

30.12.2017 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега