Миле Ангелков прогласен за прв полицаец во Гевгелија

 Досегашниот вршител на должност командир на Полициска станица со општа надлежност во Гевгелија Миле Ангелков, кој беше еден од тројцата предложени кандидати од страна на Министертвото за внатрешни работи, е назначен за прв полицаец на гевгелиската станица. 

Ангелков беше избран за командир со мнозинство гласови на последната седница на Советот на Општина Гевгелија за годинава.

Дипломирал на Факултетот за детективи и безбедност и зад себе има 13 години работно искуство во полиција.

Противкандидатите на Ангелков исто така беа од редот на вработените во Полициската станица - Гевгелија која е под надлежност на СВР Струмица. Поради судир на интереси, двајца од советниците на седницата воопшто не гласаа.

 

 

 

30.12.2017 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега