Поради свлечиште непрооден патот кај Кривопаланечкото село Станци
Свлечиштето кај селото Станци, Кривопаланечко, е повторно активирано, поради што локалниот пат е целосно непрооден, информира општина Крива Паланка.
Воведена е времена забрана за сообраќај на делот од патот под свлечиштето, а жителите мора да се движат по алтернативниот пат. Локацијата е соодветно обезбедена, поставени се сообраќајни знаци и лента, како и физички пречки пред забранетиот дел за движење од двете страни на патот.
- Ги известуваме жителите на селата Дурачка Река, Станци и Метоф, кои го користат локалниот пат Крива Паланка - село Дурачка Река - село Станци, дека повторно е активирано свлечиштето кај место викано „Видња“ и патот под самото свлечиште во должина од околу 350 метри е целосно непрооден, информира Општината и апелира жителите да не ги оштетуваат ознаките и да не се обидуваат да поминат под свлечиштето, ниту со автомобил, ниту пеш, заради нивна лична безбедност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа