Тече рокот по поднесените жалби за продолжување на притворот на осомничените за 27 април

Притворените за настаните од 27 април, се позивесно е дека празниците ќе ги дочекаат во истражниот затвор во Скопје, иако тече рокот за одлучување по жалбите за притворите- објави ТВ Алфа.

Дел од адвокатите на притворените со кои стапи во контакт Алфа, поднеле жалби до Апелација, а рокот за одлука на второстепениот суд тече, и предвидените 48 часа, за овие осомничени завршуваат утре попладне. За некои притворени пак решението за продолжување на притворот  од Кривичен не стигнало до нивните адвокати, ни тврдеа во телефонски разговор. Од апелациониот суд од одделението за односи со јавноста не беа достапни да одговорат дали ќе ги чекаат сите жалби по притворите па ќе одлучува советот составен од 5 апелациони судии, или ќе одлучуваат во законскиот рок од 48 часа по поднесената жалба.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, во средата донесе одлука, да го прифати предлогот на обвинителството за организиран криминал 23 осомничени уште 30 дена да останат во Шутка. За 6 осомничени судот ја продолжи мерката куќен притвор за уште 30 дена.  

 

 

 

 

30.12.2017 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега