Министерот за здравство Венко Филипче во посета на Општата болница во Струмица

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска ја посети Општата болница во Струмица и изврши увид во градежните работи на новото крило во оваа ЈЗУ. 

Новото болничко крило се простира на површина од 6.500 квадратни метри, каде ќе бидат сместени најсовремен Ургентен центар и уште осум болнички одделенија.

Филипче оствари средба со раководството на Струмичката болница, на која, меѓу другото стана збор и за унапредување на Интервентната кардиолошка служба.

Болницата годишно опслужува над 200 илјади пациенти од Струмица, како и околните општини, Василево, Босилево, Ново Село.

Со отворањето на новото крило се очекува да се зголеми бројот на пациенти, кои ќе добијат поквалитетни здравствени услуги.

 

 

 

30.12.2017 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега