Новогодишна временска прогноза: Денеска суво и стабилно, а од понеделник промена

 

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до минус шест степени, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во Скопје слично време. Минималната температура ќе се спушти до минус три, а максималната ќе достигне осум степени.

За време на Новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно и суво. До понеделник утрата ќе бидат студени, а дневните температури во благ пораст, а во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. 

 

 

 

31.12.2017 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега