Нашиот Кире Лазаров си ќари пехар и со Барселона

 

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров и со екипата на Барселона ја продолжи традицијата освојување пехари на „Супер глоуб“ турнирот.

Во ланското финале Лазаров победи како дел од екипата на Атлетико Мадрид, а во новата сезона тоа го направи и со својот нов тим Барселона и тоа практично значи дека тој е единствениот што го одбрани трофејот.

Барселона во финалето го победи европскиот првак Хамбург со 27:25 и така му се реваншираше на бундеслигашот за поразот во јунското финале од Лигата на шампионите.

Лазаров во финалето постигна четири голови. 

31.08.2013 - 10:48

најчитано сега